Јунајтед ги договори условите за трансферот на ѕвездата на Челси!?

Манчестер јунајтед е блиску до своето четврто засилување летово, откако наводно постигнале финансиски договор со Челси за трансферот на Вилијан..

Жозе Мурињо досега реализираше три трансфери, односно во Манчестер пристигнаа Фред, Диого Далот и Ли Грант, па „Тутоспорт“ пишува дека Јунајтед се договорил за сума од 67 милиони фунти со Челси за Вилијан.

Вилијан минатата година не играше премногу за Челси под водство на Антонио Конте, а очигледно не е ниту во плановите на новиот тренер Маурицио Сари, па поради тоа овој потег на Бразилецот е многу логичен.

Засега не се откриваат деталите од платата која ќе ја заработува Вилијан во Манчестер јунајтед, но сигурно ќе биде повисока од таа која ја добива во Челси, поточно 110.000 фунти неделно.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top