Јунајтед го конактирал Јувентус, договорот за Погба наскоро би можел да биде завршен

Манчестер Јунајтед и Јувентус се подготвени да направат голема размена на фудбалери..

Великанот од Торино во своите редови по три години сака да го врати францускиот играч за врска Пол Погба, па така на Јунајтед му понудија опција за размена со неколку фудбалери.

Јуве е подготвен да се откаже од Пауло Дибала, Даглас Коста или Алекс Сандро во замена за 26-годишниот играч за врска, а според „Газета дело Спорт“, се чини дека до договор може да дојде набрзо.

Според италијанскиот весник, челниците на Јунајтед ги повикале колегите од Торино и прифатиле размена, а за Погба го бараат Пауло Дибала.

Ова секако би бил голем трансфер за двете страни. Погба одамна сака да го напушти „Олд Трафорд“, додека од друга страна Дибала е речиси отпишан во Торино.

Сепак, никакви официјални потврди за евентуалниот трансфер нема. „Газета“ важи за мошне доверлив весник и сигурно е дека без вистинска проверка нема да ја објави информацијата.

Ако замената се случи Погба ќе се врати во Јувентус со кого освои четири шампионски титули во Италија во периодот од 2012. до 2016. година.

Од друга страна Пауло Дибала во случај на заминување би го имал првото фудбалско искуство надвор од Италија, а останува да се види дали на крајот тоа и ќе се реализира.

Погба се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид, но од тој трансфер засега нема ништо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top