Јунајтед ќе биде пеколен идната сезона: Мурињо го најави и Ибра во нападот

По завршувањето на сезоната во Премиерлигата, се појави веста дека Јунајтед го ослободува Ибрахимовиќ од обврските во клубот, и дека тој следната сезона ќе игра во друг клуб..

Златан имаше фантастична сезона во Манчестер, постигна околу 30 голови на 60 натпревари, но поради тешка повреда на коленото, тој не ја заврши сезоната во посакуваниот стил, па тоа го одалечи од терените.

Токму таа повреда ги убеди „црвените ѓаволи“ да ја прекинат соработката со Златан Ибрахимовиќ, но како што во овој момент стојат работите, Ибра може да игра и следната сезона во Јунајтед. Сето тоа го најави и Мурињо.

Можно е Ибрахимовиќ да добие нов договор. Вратите за него се секогаш отворени. Тој не е среќен со начинот на кој ја заврши минатата сезона“, констатираше Португалецот.

Ибрахимовиќ во Манчестер дојде бесплатно, и тој трансфер максимално им се исплати, со оглед на тоа дека клубот освои три трофеи.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top