Јунајтед на прагот на второто засилување, се ќе биде готово за 48 часа

По Даниел Џејмс, Манчестер Јунајтед се подготвува да го реализира вториот трансфер во овој преоден рок..

Англиските медиуми објавија дека клубот се договорил со Кристал Палас за 21-годишниот Ван Бисака кој во моментов е на Европското првенство за млади со англиската репрезентација. 

Досега проблем беше отштетата бидејќи лондонскиот клуб бараше 60 милиони евра, но Јунајтед во последен момент се согласи на оваа сума, заедно со бонусите.

Ако ова излезе точно, Ван Бисака ќе биде најскап британски дефанзивец во историјата на фудбалот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top