Јунајтед не застанува: Доаѓа третото засилување на Олд Трафорд

По Фред од Шахтјор и Диого Далот од Порто, Манчестер Јунајтед е пред третиот трансфер во летниот преоден рок кој во Англија почна нешто порано..

Станува збор за фудбалерот на Тотенхем, Тоби Алдервирелд кој веќе ги стартуваше преговорите и потписот може да биде обезбеден уште во текот на денешниот ден. Неговата цена изнесува околу 50 милиони фунти и Јунајтед со него ќе ја надмине границата од 100 милиони бидејќи за Фред и Далот веќе потроши 71 милион.

Со белгискиот репрезентативец Мурињо се надева дека ќе ја зацврсти одбраната од која не беше задоволен минатата сезона.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top