Јунајтед се ослободува од Де Геа: Легендарното презиме Шмајхел повторно на „Олд Трафорд“

Презимето Шмајхел има огромна тежина на „Олд Трафорд“, а во Манчестер Јунајтед се подготвени 21 година по заминувањето на легендата Петер, да го ангажираат неговиот син Каспер..

Првиот голман на Лестер има договор со клубот до 2023 година, но делува дека има одредени предности во однос на досегашните пикови за замена на Давид Де Геа.

Атлетико мадрид нема намера да го пушти Јан Облак чија откупна клаузула е поставена на нешто повеќе од 120.000.000 евра, додека Дин Хендерсон според проценките на луѓето во клубот и покрај одличната сезона во Шефилд, се уште го нема потребното искуство за „единицата“ на Манчестер Јунајтед. Каспер Шмајхел е добитна комбинација за двете страни, бидејќи со 33 години неговата цена на пазарот не е висока, од 2015 година до денеска се постави како еден од најквалитетните голмани во Премиер лигата. Шмајхел во моментов во Лестер заработува околу 7.500.000 евра по сезона, односно три пати помалку од она што Де Геа го добива на „Олд Трафорд“.

Големо прашaње е дали Давид Де Геа ја ужива истата доверба кај Оле Гунар Солскјер како претходно. Норвежанецот во претходните денови со стручниот штаб го разгледуваше учинокот на Де Геа и статистиката од претходните сезони и повеќе не може да му гарантира на Шпанецот дека е неприкосновен голман во Јунајтед. Како што засега се одвиваат работите во Јунајтед, не делува дека 29-годишниот Мадриѓанец има иднина во клубот во кој помина девет сезони – особено кога ќе се земе предвид фактот дека талентираниот Хендерсон се врати од позајмицата во Шефилд.

Интересот на Јунајтед за Шмајхел говори дека во црвениот дел од Манчестер во следните година или две сакаат да се обезбедат со уште еден искусен чувар на мрежата, додека Хендерсон не созрее уште малку. Бидејќи тоа е голман кој би можел не само да претставува иднина на Јунајтед, туку се проценува дека ќе биде прв избор на Герет Саутгејт на Европското првенство следната година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top