Јунајтед во проблеми, Барселона заинтересирана за нивниот играч, „Ѓаволите“ реагираа

Манчестер Јунајтед сака да ги заштити некои од своите најталентирани фудбалери од академијата..

Според пишувањата на локалните медиуми, Јунајтед започнал преговори околу продолжување на договорот со Анхел Гомес.

Офанзивниот играч за врска ги забележа своите први минути оваа сезона вчера против Астана, важи за еден од најталентираните играчи во својата генерација и претставува иднина за клубот од „Олд Трафорд“.

Интерес за него покажа и Барселона која веќе се распрашува за условите под кои тој евентуално би го напуштил својот матичен клуб.

Солскјер го блокираше заминувањето на Гомес на позајмица минатиот јануари бидејќи сакаше лично да се увери во неговите квалитети.

Оваа сезона би можел да добие значителна минутажа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top