Јунајтед во војна со медиумите, следува тужба!

Ед Вудворд сигурно е еден од најомразените луѓе за навивачите на Манчестер Јунајтед на кои не им се допаѓа неговата работа на трансфер пазарот..

Можеби некој мислеше дека ситуацијата и омразата кон него ќе се смират со трансферот на Бруно Фернандес, но не се случи такво нешто. Само неколку дена подоцна пред неговиот дом се собраа фанови кои му се закануваа и нему и на неговото семејство.

Интересно е тоа што инцидентот одеше речиси во живо на сајтот на Сан, англиски таблоид. Манчестер Јунајтед денеска објави соопштение во кое го обвинува весникот дека имал информација што се подготвува, а не го известил клубот кој би можел да реагира и да го заштити својот вработен. Поради тоа подготвува тужба против Сан која наскоро ќе биде поднесена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top