Јункер: Не смееме да го испуштиме од вид Западен Балкан

Јункер во својот говор неколку пати го нагласи значењето на обединување на ЕУ, која треба да делува како една обединета Европа..

Европската унија мора да го дефинира на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Валкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за време на своето годишно обраќање пред Европскиот Прарламент.

Западен Балкан не смееме да го изгубиме од вид, тој регион не може да се игнорира, бидејќи другите уште повеќе ќе го зголемат своето влијание таму, додаде Јункер во својот говор.

„Ние треба да најдеме единствено решение кога станува збор за земјите од Западен Балкан еднаш и засекогаш. Ако не го направиме тоа, нашето непосредно опкружување ќе го облукваат други“, рече тој.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top