Јусеин Болт навистина почнува фудбалска кариера, но не во Јунајтед, туку во Бундеслигата

Најбрзиот човек во историјата Јусеин Болт минатата година ја заврши својата атлетичарска кариера, а веќе размислува да почне фудбалска..

Уште пред неколку години беа актуелни шпекулациите за преговори со Манчестер Јунајтед, а откако доби неочекувано многу слободно време, повторно почна да зборува на таа тема. Наводно, имал понуда за проба од тимот на Борусија Дортмунд.

“Еден од моите најголеми сништа е да потпишам за Манчестер Јунајтед. Ако во Борусија Дортмунд кажат дека сум добар, напорно ќе тренирам. Зборував со Алекс Фергусон и го замолив да каже некој убав збор за мене”, откри Болт.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top