Јувентус е во криза, ама Роналдо руши клупски рекорди

Италијанскиот првак Јувентус го претрпе вториот пораз во последните три кола откако загуби на гостувањето кај Верона со 1-2..

Сепак, Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека годините не му можат ништо бидејќи собори еден од рекордите на клубот чиј член е 18 месеци. Тој стана прв играч во историјата на Јувентус кој постигнал голови на десет натпревари по ред во Серија А, надминувајќи го досегашното достигнување на Давид Трезеге кој застана на девет. Рекордот може дополнително да биде подобрен идниот викенд бидејќи Јуве ја пречекува Бреша која е на претпоследната позиција на табелата.

Сепак, и покрај фантастичната серија, Роналдо и натаму е далеку од првото место на листа на стрелци во Серија А бидејќи заостанува пет гола зад Чиро Имобиле кој утре со Лацио гостува кај Парма.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top