Јувентус има нов херој - 19 годишниот играч вечерва двоен стрелец против Удинезе

Јувентус вечерва го отвори новото коло (27) во Серија А, со уверлива победа на домашен терен против Удинезе со 4:1..

Победата беше рутински извојувана во Торино, а победникот беше решен уште по првите 45 минути, кога „Старата дама“ по првиот дел веќе имаше предност од 2:0 со головите на младиот 19 годишен Кин.

Во вториот дел голови постигнаа уште и Чан од пенал и Матуиди од игра, додека за гостите стрелаше, Ласана во 85. минута за конечни 4:1.

Фановите на Јувентус вечерва се импресионирани од перформансите на младиот Моисе Кин, кој постигна два гола и стана апсолутен хит играч, кој сигурно до крајот на сезоната ќе добива уште поголема минутажа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top