Јувентус некомплетен - но и без главното оружје против Тотенхем во ЛШ

Напаѓачот на „Старата дама“ Пауло Дибала не се најде во списокот играчи кои ќе конкурираат за мечот во ЛШ против Тотенхем..

Аргентинецот веќе неколку недели има проблеми со повредите, а италијанските медиуми претходните денови најавуваа дека првата ѕвезда на клубот може да биде дел од тимот.

Меѓутоа, тренерот на „црно-белите“ Масимилијано Алегри истакна дека нема да може да смета на него, и дека го изоставува од списокот поради превентивни мерки.

Исто така повредени и надвор од списокот се Хуан Квадрадо, Бенедикт Хеведес, Барзаљи и Блес Матуиди, пренесува Фудбал Италија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top