Јужнокорејски научници направија сензор за отпечатоци кој мери температура и крвен притисок

Сензорите за отпечаток од прст се многу популарен начин за препознавање на корисникот на мобилниот телефон или лаптоп..

Меѓутоа, со појавата на трендот екраните на мобилните телефони да се протегаат од раб до раб, од предната страна на уредите останува малку простор на кој може да се сместат тие сензори. Некои компании како Apple се одлучија да се откажат од оваа технологија.

Други, пак, сензорите ги ставаат на задната страна или истражуваат опции за невидлива интеграција во самите екрани. Оваа последната технологија е особено интересна, особено ако во иднина може да се комбинира со откритието на јужнокорејските научници кое неодамна беше објавено во списанието Nature.

Имено, тие смислија читач на отпечатоци од прсти кој е флексибилен и провиден, а освен што може да ги отчита папиларните линии од кожата, може истовремено да регистрира и притисок и температура на прстот кој е ставен на него. Со овие нови опции сензорите стануваат далеку побезбедни затоа што потешко може да се „излажат“ со копирање отпечатоци.

Технологијата е тестирана и како што велат креаторите, квалитетот на читање отпечатоци и резолуцијата ги задоволуваат стандардите  поставени од ФБИ. Исто така, во описот на новиот вид сензори се истакнува исклучителната отпорност на виткање и можноста за незабележително вградување во или под екранот на телефонот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top