Кабинетот на премиерот во Канбера по грешка им испратил доверлив документ на новинарите

Кабинетот на премиерот на Австралија погрешно испратил доверливи теми на разговори до медиумите во обид да ги подготви пратениците за продолжување на работата на парламентот..

Наместо да испратат доверливи теми до своите членови на парламентот, испратен е внатрешен документ до новинарите и медиумите во целата земја, вклучително и „Ксинхуа“.

Осврнувајќи се на повеќе теми, како порастот на барателите на азил, даночењето, конфликтот во Сирија, парискиот договор и за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, имејлот им нуди на политичарите стратешки одговори на тешките прашања што може да им ги постават новинарите и опозициските пратеници.

Во документот, кој содржи 8.200 збора, се вели дека доколку бидат запрашани за извештајот на Меѓународниот монетарен фонд, во кој се наведува дека Австралија можеби нема да ги исполни своите цели во 2030 година, пратениците се замолени да изјават: „Ние ќе ја постигнеме нашата цел, без да наметнеме данок на емисијата на јаглероден диоксид, а кога лабуристите ќе бидат во владата и ќе воведат данок на емисиите на штетни гасови, цените ќе се зголемат и ќе има ризик да се преместат работни места надвор од земјата“.

Во друг дел од документот се сугерира дека членовите на партијата стравуваат од експлоатација на австралиските работници кога неодамна официјалната статистика потврди дека рекорден број баратели на азил пристигнале во Австралија во текот на изминатите пет години наведувајќи дека експлоатирањето на кој било работник во Австралија е нешто за што ќе имаат нула толеранција.

Иако премиерот Скот Морисон сè уште не се огласил за обелоденувањето на доверливиот документ, јавниот обвинител Кристијан Портер ја минимизира грешката велејќи: „вакви работи се случуваат одвреме-навреме“ во светот на современата политика, пренесува „Шинуа“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top