КАДЕ ЗАПНА МЕРКЕЛ: Во Германија започнуваат преговорите за голема коалиција

Прелиминарни преговори за формирање влада на Германија меѓу конзервативниот блок Демохристијанската унија / Христијанско-социјалната заедница (ХДЗ / ЦСУ) и Германската социјалдемократска партија (СПД) почнуваат денеска во Берлин..

Тоа се случува по повеќе од 3 месеци по изборите за Бундестаг. 

До неодамна можноста за создавање на нова "голема коалиција" (ХДЗ / ЦСУ и СПД) изгледаше малку веројатна - веднаш по објавувањето на 24 септември на првите резултати од гласањето, лидерот на СПД Мартин Шулц објави дека неговата партија ќе остане во опозиција, а конзервативците започнаа во средината на октомври консултација за создавање на коалиција со "зелените" и Слободната демократска партија (СвДП).

Сепак, на 20 ноември овие преговори завршија неуспешно, а земјата се соочи со опасност од нови избори или формирање на малцинска влада.

Само интервенцијата на претседателот Франк-Волтер Штајнмаер им овозможи на социјалдемократите да седнат на преговарачка маса. Претседателот на ХДЗ, канцеларката Ангела Меркел, претходно ја искажа својата намера "да формира стабилна влада што е можно поскоро".



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top