Каде згреши Емануел Макрон?

Политика на францускиот претседател не успеа поради тоа што е лоша, регресивна политика, која најсилно ги погоди најсиромашните..

Францускиот претседател Емануел Макрон нема да ја “направи планетата повторно голема” со ова моментално што го прави, пишува “Politico”, и додава дека, во обид да воведе закон за зголемување на даноците на гориво, со цел да се бори против климатските промени, ненамерно дојде на рака на американскиот претседател Доналд Трамп и всушност, ги врати наназад напорите за борба против глобалното затоплување.

Насилни протести на улиците низ Париз и цела Франција следеа откако Макрон се обиде да воведе закон за зголемување на даноците за гориво.

Порака до политичарите ширум светот

Протестите кои веќе еден месец траат во Франција би можеле да испратат порака до политичарите од целиот свет дека со воведување повисоки даноци на фосилните горива може да ја загрози нивната кариера. Сличен ваков неуспешен обид имаше во Австралија, каде придонесе премиерот на оваа земја да поднесе оставка.

Само во нашата држава “глатко” помина зголемувањет на цената на дизел горивото за 3 денари, а притоа не донесе никакво подобрување и директно удри по џебот на најсиромашните.

Дилемата со која сега Макрон се соочува треба да биде предупредување до сите дека “зелената политика” не може да се одвои од прашањата како што се нееднаквоста и социјалната правда, но постои ризик дека светот од ситуацијата во Франција ќе научат погрешна лекција, и тоа во време кога светот дебатира за тоа како да се создаде економија без голем обем на производството на штетни гасови.

Причината зошто на Макрон политика не успеа, не затоа што се оданочуваат фосилните горива, туку затоа што тоа е лоша, регресивна политика, која најсилно ги погоди најсиромашните.

Политиката на Макрон е спротивна на британската политика, која внимателно ја спроведува со цел да го намали притисокот врз домаќинствата.

Оданочувањето е само една од опциите

Британскиот пристап доведе до значително намалување на емисиите на гас.

Десетици други земји успешно ги воведоа напредните даноци без да се соочат со голем отпор од луѓето.

“Politico” исто така, наведува дека спроведувањето на политиката за животна средина треба да значи давање шанса за изградба на нови индустрии и почиста технологија, да се создадат нови подобро платени работни места и подобра иднина.

Постојат успешни приказни ширум светот кои го докажуваат тоа. На пример, во САД индустријата за соларна енергија вработува повеќе луѓе од секторот за гас и нафта заедно.

Макрон кога би сакал да обрне внимание, ќе забележи дека најефикасна климатска политика не вклучува оданочување на сиромашните, напротив, туку се однесува на инвестициите во зелени алтернативи, а законодавствто треба да ги спречи најлошите загадувачи од непотребното користење застарена, валкана технологија.

Да, данокот на гориво има своја улога, но тоа е само една од опциите.

Инвестирање во чисти извори на енергија

На пример, Калифорнија бара автомобилската индустрија да понуди повеќе еколошки возила.

Шпанија и Канада ја намалуваат употребата на јаглен во индустриите.

Ширум светот, јавните инвестиции се во чисти извори на енергија, како што се на пример ветропаркови.

Лидер кој сериозно сака да се справи со климатските промени исто така мора сериозно да побара дозвола од неговото гласачко тело да го стори тоа.

Да го слушаше Макрон својот народ, ќе одбереше најнапредни, популарни и во крајна линија, поефикасни начини за борба против загадувањето.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top