Кака открива: Ми нудеа вртоглави суми, но поради една причина останав во Милан

Легендарниот бразилски фудбалер Кака, открива дека имал понуда од Манчестер Сити во 2009 година, но дека поради тоа што се уште тогаш не биле конкурентна екипа, тој решил да остане меѓу „Росонерите“..

Дојдовме до таа фаза кога се преговараше за бројки. Платата која ми ја понудија беше далеку поголема од онаа во Милано. Почнав да размислувам за тоа каков би бил мојот живот во Англија, и животот на мојата фамилија. Сето тоа ми минуваше низ глава. Заклучив дека не е вистински момент да преминам таму. Не бев сигурен каква екипа ќе имаат“.

Но Кака е искрен и денеска признава дека не би можел повторно да ги одбие, доколку сега се интересираат за него.

Денес Сити е многу силен клуб, така да одлуката во овие моменти би била далеку полесна. Кога би се повторило тоа, со преговорите, сигурно е дека немаше да имам дилема“, констатира Кака.

Бразилецот остана тогаш во Милан, за подоцна да премине во Реал Мадрид, каде и не успеа баш да се прослави.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top