Како да го надминете стресот?

Прашањето кое сите си го поставуваме.

Времето во кое живееме, работните обврски, семејството, околината која не опкружува, сето тоа заедно со сите обврски и проблеми предизвикуваат безброј стресни ситуации.

Прашањето кое сите си го поставуваме. Па добро дали овие проблеми имаат крај? Па и не е баш така едноставно. Доколку не би биле тие проблеми и доколку се она што го носи животот со себе би било лесно и едноставно, тогаш која би била поентата на така наречената животна борба – E прашањето на многумина истражувачи кои се занимаваат со конкретнава тема.

Сменете го начинот и аголот од кој ги гледате работите и нештата кои ви создаваат проблеми. Ајде пробајте секој новонастанат проблем да го погледнете од некој друг агол. Пробајте макар на еден ден, животот и обврските кои тој ги носи со себе да ги гледате како еден вид на игра. Секој нов проблем нека биде нова мисија во која вие треба да бидете победникот.

А, дали ќе победите или пак ќе изгубите останува на вас. Негативноста, песимизмот, се нештa кои само може да ви ги отежнат работите и да ве направат неуспешен. Гледајте позитивно на работите и секој нов проблем нека биде предизвик за што побрзо да го решите, а на крај вие ќе бидете победникот-пробајте.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top