Како Гризман за вториот гол добил идеја од својот соиграч

Антоан Гризман синоќа го имаше она вистинското деби во дресот на Барселона, пред домашната публика..

Тој нивната доверба и поддршка ја поздрави со два гола во победата над Бетис со 5:2.

Францускиот интернационалец посебно импресионираше со голот постигнат за 2:1, кога од врвот на казнетиот простор го совлада противничкиот голман.

„Вториот гол? Меси така постигнува голови на тренинзи и решив така да се обидам, да го ископирам, па за добро на натпреварот тоа и ми успеа. Среќен сум штои победивме и покажавме квалитет по лошето издание во првото коло. Направивме исчекор и се ова е резултат на тимска игра“, констатира по мечот Антоан Гризман.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top