Како гром од ведро небо: Конте може ова лето да го напушти Интер

Антонио Конте би можел да го напушти Интер на крајот од сезоната, тоа се информациите кои доаѓаат од Италија..

Како што тврди Скај Италија, овој 51 годишен стратег бил во лоши односи со раководството на клубот, а тие односи биле драстично вложени по слабите резултати овие неколку кола.

Челниците на Интер биле подготвени да го ослободат Конте по оваа сезона, доколку тој изрази желба за заминување.

Раководството имало јасна идеја, тие сакале тренер кој ќе внесува посебен континуитет во клубот во следните сезони.

Доколку не успеат да дојдат до решение за останување, Конте би можел да замине, а според Скај Италија, негов заменик можеби да биде ни повеќе, ни помалку, туки Максимилијано Алегри.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top