Како Јуве ги плаќал менаџерите: Луѓето кои го донеле Џан за џабе „лапнале“ 16 милиони евра!

Се профилираше Јувентус, особено за времето на директорскиот мандат на Бепе Марота, како клуб способен во Торино да ги придобие некои од светските ѕвезди за џабе, лани целосно ја промени политиката кога го доведоа Кристијано Роналдо.

Вкупно дури 37.000.000 евра потрошил првакот на Италија само во летото 2018. година, а најголем дел од тие пари отишле во рацете на менаџерот на Емре Џан. Иако во книгите е заведено дека Германецот пристигна како слободен играч, откако му истече договорот со Ливерпул, Јуве и тоа задоволство морал да го плати. Точно 15.860.000 евра колку што отишле на сметката на агентите кои го „посоветувале“ Џан да се пресели во Серија А. Значи, не станува збор за еден менаџер, туку повеќе.

Нешто помалку инкасирал Жорж Мендеш, славниот суперагент, се благодарение на фактот дека одлучувачки влијаел на потписот на Кристијано Роналдо. Точно 11.500.000 евра. Потоа, податокот дека Миралем Пјаниќ го продолжи договорот до јуни 2023. година го чинел клубот 2.220.000 евра кон застапниците на репрезентетивецот на БиХ, додека враќањето на Леонардо Бонучи од Милан е вреднуван со комисија од 200.000 евра за неговиот агент. А тука се уште некои помалку важни играчи.

Сепак, Италијанците објаснуваат дека во голем број случаеви овие комисии се исплаќаат така што парите се распоредуваат на повеќе години од договорот на одреден играч и му се исплаќа преку платата, а тој понатаму ги проследува кон своите застапници.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top