Како ќе изгледа градот на Гугл во кој ќе се плаќаат најевтини сметки

Град кој го гради Гугл ќе покрие 3,12 милиони квадратни метри и ќе вклучува 8.000 нови домови, паркови, кина и продавници, а ќе се плаќаат најевтини сметки за домување..

Во проектотт што го достави до властите во Калифорнија, Гугл претстави како ќе изгледа градот.

Главната цел на предлогот на Google е да им понуди на новите жители достапни цени со кои ќе им ги намали трошоците. Предлогот на технолошкиот гигант предвидува дека граѓаните со приход од 44.000 долари годишно ќе можат да живеат мошне комотно во најевтините станови во градот.

Речиси 32% од областа ќе бидат слободни простори, главно паркови, додека ќе има кино сали, фитнес сали, кафулиња и продавници. 

"Фокусот ќе биде на создавањето големи јавни простори во кои приоритет ќе имаат луѓето,а не автомобилите", изјави за CNBC менаџерот за развој на Google, Мајкл Тимоф..


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top