Како на Јунајтед му пропадна големиот јануарски трансфер: Имате 15 минути за одговор

Последните часови од зимскиот преоден рок биле особено драматични за Манчестер Јунајтед. „Ѓаволите“ беа во потера на напаѓач и според пишувањата на англиските медиуми, бирале меѓу двајца играчи..

Прва мета бил Џошуа Кинг од Борнмут за кого „Црвените ѓаволи“ понудиле 26 милиони евра. Преговорите ги водел извршниот потпретседател Ед Вудворд кој на Борнмут му порачал:

„Имате 15 минути да одговорите дали ја прифаќате понудата или да потпишеме играч од Кина“, наводно Вудворд му рекол на колегата од спротивната страна, Нил Блејк.

Меѓутоа Борнмут го одбил тоа, па во Јунајтед заврши Нигериецот Одион Игало кого го позајмија од кинески Шангај Шенхуа до крајот на сезоната.

Кинг остана најразочаран во целата ситуација бидејќи сонувал да заигра за Манчестер Јунајтед.

„Колку блиску бил трансферот, не знам. Кога ќе слушнете дека ве поврзуваат со Јунајтед и кога ќе дојде понудата, се чувствувате како 16-годишник. Сега сум играч на Борнмут и навистина уживам тука. Но, трансферот во Јунајтед ќе беше остварување на соништата“.

Сонот сепак му се оствари на Нигериецот Одион Игало кој вечерва би требало да дебитира на гостувањето кај Челзи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top