Каков гест на Суарез: Сите се чудеа што покажува по голот, причината крајно тажна, но за почит

Уругваецот Луис Суарез синоќа се врати во голем стил, во победата над Валенсија со 5:2 на Камп Ноу..

Тој беше двоен стрелец против „лилјаците“, а прославата на головите „Ел Пистолеро“ ја промени во друг стил.

По првиот постигнат гол, тој при прославата ја направи буквата X, а на многумина не им беше јасно што значеше тоа, но по мечот работите се разјаснија.

Луис Суарез голот и го посвети на малата Хана, 9 годишната ќерка на Луис Енрике, која неодамна почина по борбата со ракот која не успеа да ја добие. Навистина убав и емотивен гест на Суарез.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top