Каков Зидан, каков Валверде: Тотален анонимус е тренер на годината во Шпанија

Ернесто Валверде ја освои двојната круна во шпанското првенство, Зинедин Зидан триумфираше во Лигата на шампионите, а Диего Симеоне во Лигата Европа..

Но, ништо од ова не е доволно за да се исполни чудниот критериум на Фудбалската федерација на Шпанија за признанието за тренер на годината. Него оваа сезона го доби предводникот на Гетафе, Хосе Бордалас.

Точно е дека мадридскиот тим заврши на осмото место што е големо изненадување, но сепак со огромно заостанување зад водечките екипи. Бордалас не е ни многу млад (има 54 години) за, евентуално, ова признание да му претставува мотив во кариерата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top