Каква чест: „Маракана“ ќе ги поздрави Панчев и Најдоски!

Легендите на Црвена Звезда кои пред 27 години на клубот му ја донесоа титулата во тогашниот Куп на европски шампиони ќе бидат специјални гости на натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите на 18 септември на “Маракана”..

Српските медиуми пренесоа дека Звезда им испратила покани на сите фудбалери од славната генерација кои со своето присуство треба да го ивеличат враќањето на клубот на големата европска фудбалска сцена. Во договор со УЕФА, планирано е половина час пред натпреварот поранешните асови на Звезда, предводени од тренерот Љупко Петровиќ да излезат на терен и да направат почесен круг.

Навивачите ќе имаат можност, меѓу другите, да ги видат и поздрават македонските легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, а најавени се и Дејан Савичевиќ, Стеван Стојановиќ, Драгиша Биниќ, Роберт Просинечки, Миодраг Белодедиќ, Владимир Југовиќ, Синиша Михајловиќ…

Некои од нив ќе присуствуваа на натпреварот дури и да не беа поканети. Еден од нив беше и Дарко Панчев кој најави такво нешто преку српските медиуми.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top