Каква дрскост и препотентност: Аргентинците жестоко ги навредија Хрватите за нивните дресови

Аргентинската репрезентација ќе мора да се спасува кога станува збор за пласманот во осминафиналето откако во првото коло одигра само нерешено против Исланд..

Следен противник е Хрватска која има една од најкомпактните екипи на овој Мундијал. Но, место да ги гледаат проблемите во своите редови кои не се од денеска, медиумите во јужноамериканската држава одлучија да се занимаваат со противникот.

И тоа не да ги анализираат неговите квалитети, туку се фатија за опремата, односно нивните дресови.

“Тие се репрезентација без големи успеси (го заборавиле третото место од СП 1998), а дресовите им изгледаат како чаршафи за на маса”, напишаа медиумите во Аргентина.

Јасно е дека “гаучосите” не се во позиција да ги потценуваат другите, пред се поради своите лоши резултати, но да видиме каде ќе ги однесе ова.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top