Каква лоша проценка: Модриќ како дете дошол во Марсеј, ама го избркале!

Официјално најдобриот светски фудбалер за 2018 година Лука Модриќ уште долго ќе биде во центарот на вниманието на спортската јавност откако синоќа ја доби Златната топка..

За неговата кариера излегоа еден куп приказни, а една од најинтересните е онаа што ја раскажа поранешниот сенегалски репрезентативец Ел Хаџи Диуф.

„Модриќ како дете дојде во Марсеј на проба. Не беа задоволни од него и брзо го вратија дома. Неверојатно“, изјави Диуф.

Пред да влезе на големата европска фудбалска сцена, Модриќ по една сезона играше во тимовите на Зрињски и Интер Запрешиќ и тоа пред да наполни 20 години. Од Динамо замина во Тотенхем, а потоа во Реал.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top