Каква помош добија САД од Русија за борба против новиот коронавирус

Москва има типови вируси кои му се повеќе од потребни на Вашингтон за создавање вакцина против болеста во чиј знак минува 2020 година..

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп завчера изјави дека Русија ѝ дала помош на Америка во борбата против ширењето на новиот коронавирус.

За каков авион и за каква испорака на медицинска опрема станува збор, американскиот претседател не прецизираше. Во моментот кога се пишуваше овој текст, а тоа беше вчера, 31 март, ни владата, ни Министерството за одбрана на Руската Федерација не ја потврдија споменатата информација.

Но, стручњаците со кои разговаравме за Russia Beyond потврдија дека руските вирусолози дел од сознанијата до кои имаат дојдено ги споделиле со колегите преку океанот.

Соработката со Кина ни овозможи да добиеме средства за рана дијагностика на новиот коронавирус, а престојот на нашите луѓе во Бергамо во Италија даде можност да се запознаеме со европската варијанта на вирусот за да создадеме вакцина против оваа смртоносна болест. Или, пак, средство за да се забави текот на болеста и да се добие на време кое е потребно за создавање глобална вакцина, вели за нашиот портал поранешниот воен колумнист на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Според него, Русија на Америка можела да ѝ испрати видови на вирусот (примероци опасна биолошка супстанција во епрувета) од домашниот, кинескиот и италијанскиот нов коронавирус, за стручњаците преку океанот да можат што побргу да произведат ефикасен лек против смртоносната болест.

„На Американците не им е потребна руската медицинска опрема. Тие ги имаат најдобрите медицински центри и лаборатории на светот. Така што техниката од Русија не им е потребна. Но, затоа им се мошне потребни податоците до кои е дојдено во истражувањата поврзани со болеста во различни региони во светот“, додава соговорникот на Russia Beyond.

Како што наведува тој, коронавирусот се разликува од регион до регион. Притоа во овој момент мутира подеднакво ефикасно, погодувајќи ги луѓето до 40 години, како и оние над 65 години.

Болеста исто како и грипот постојано мутира. Врз основа на минатогодишниот грип може за превентивна намена да се направи вакцина, но тоа не значи дека ќе биде ефикасна, додаде експертот.

Во односите помеѓу Русија и Америка своевремено постоеше напрегнатост поради биолошките типови.

„Во деведесеттите години од минатиот век со Американците се убедувавме, кога во времето на инвазијата на Ирак нè молеа за типовите антракс. Багдад интензивно тврдеше дека во своите арсенали има биолошко оружје базирано на оваа болест, а Американците од нас многу сакаа да купат информации за истражувањата. Ние ги одбивме, па типовите антракс мораа да ги купат од Кинезите“, вели за Russia Beyond главниот уредник на списанието „Арсенал отечества“, Виктор Мураховски.

Потоа Американците за време на епидемијата на ебола ни вратија мило за драго. „Нè одбија, па моравме да испраќаме вирусолози во Африка да ја проучат болеста. Во овој момент светот се соочува со закана поголема од еболата, па прашањата на политичките конфронтации се потиснати во втор план“, заклучува Мураховски.

Според информациите од Универзитетот „Џон Хопкинс“, заснован на податоци од федералните и од локалните власти, во Соединетите Американски Држави регистрирани се над 160 илјади случаи на заразени со новиот коронавирус. Од него починаа 2.9 илјади лица.

Извор: Russia Beyond


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top