Камчев требаше да ми биде сведок, тврди Јанева, од Италија пукаат бомби и за судии и за Мијалков

Второто и третото продолжение на италијанските бомби ги разбуричка македонските обвинители..

Конечно, обвинителка од СЈО е повикана да даде исказ, за во вторник на ред е Лиле Стефанова, обвинителката во случајот Империја која иако се пријавила да сведочи уште по отварањето на истрагата Рекет беше оставена за по одмори, за на крај јавно да објави дел од случувањата со империја, по што ја добила поканата.

Кога ќе дојдат другите од СЈО на ред не се открива иако таква намера имаат во обвинителството. И Јанева која е на одмор не е повикана, но преку соопштение исто така повика на брза истрага. Тврди дека Камчев требало да и биде сведок-соработник. 

Писмена изјава на специјален обвинител во оставка Катица Јанева: –Повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници. Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.

Никој од оние извори од СЈО со кои денеска контактиравме не знае кој е помошникот обвинител и за каква истрага се работи.

Но соопштението дојде откако повторно Јанева, сега најверојатно преку спикерфон се слушна во бомбите снимени од сведокот во рекетот, а објавени во Италија.

(извадок од разговор)

Б.Јовановски: После со спогодбата, ќе оди и тоа другото, односно тоа другото да се почитува

О.Камчев: Се е договорено, како што е со Боки договорено.

К.Јанева: Добро. Добро.

О.К. Добра вечер.

К.Ј. Добро. И другото јас се го држам под контрола.

Б.Ј. Он се плаши од Лиле (Стефанова,н.з.).

О.К. Не се плашам.

К.Ј. Јас сум многу ангажирана и не ја држам затоа редовно под контрола. Инаку без мене она

не може ништо.

О.К. Така е. Така е.

Б.Ј. Му кажав јас дека она е под тебе и дека не може ништо.

К.Ј. Да, да.

Судијката Димишкова од кривичниот суд е спомната, и според она што е објавено кај Камчев имало страв предметот за неговиот притвор да не дојде кај друг судија за претходна постапка.

О.Камчев: Боки ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток. Ти ми кажа дека ова судиката ќе биде отсутна дека ќе биде Реџепагиќ (судија во кривичниот суд Скопје, н.з.). Да те цитирам како ми кажа. И јас направив се како ми кажавте.

На бомбите се спомнува и дека Камчев знае кои луѓе се повикани од СЈО за Империја, но Јанева го смирува, повторно преку спикерфон.

О.Камчев: Осум души ми дојдоа. Графички центар, Миро, овој оној. Значи 8 души.

Б.Јовановски: Графички центар, Миро не знам кој. Кои што биле дел, значи сведоци, тоа е подобро ради постапката за да пројде све за на крај да биде силна спогодбата. Имаш нешто да му додадеш (прашање поставено до Јанева која е со него, н.з.)?

К.Јанева: Не, не. Заради малку активности да има и во април. 

Во аудио записот се спомнува и Мијалков, дека ќе има и пресуда и дека веднаш ќе го однесат во затвор, на што Камчев толкува дека тој што си е крив за прислушувањето треба да одговара.

О.Камчев: Абе ние бизнис тераме, шефе. Не терамае полиција, политика, тие работи. Прислушување. Глупости, уценувања. Не сме научени на тие прикаски. На таков начин.

Б.Јовановски: Не.

Боки 13-ка во материјалите му тврди на Камчев дека многу паметно ги префрлал парите во фирмите опфатени со Империја, а на бомбите може да се слушне и како пополека двајцата се зближуваат и си разменуваат комплименти за нивниот успех во македонскиот систем за кој сведокот тврди дека ќе мора да се среди што побргу.

Во материјалите е спомнат и Панделески и неговиот пасош, кој му беше вратен пред Камчев да го добие дозвола за пасошот.

Иако цело време се зборува за спогодба, објавувањето на снимките покажа дека не дошло до неа, а причините за тоа ќе треба да ги најде истрагата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top