Кампања против родовото и семејното насилствo

Активистите на Антико ќе поделат 20.000 примероци едукативни, промотивни и информативни материјали.

Под мотото: „НЕ за уште една жртва! СТОП за родовото и семејното насилство!” Женската граѓанска иницијатива „Антико“ и дел од нејзините млади активисти – средношколци, ќе се вклучат во меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството над жените”.

Активистите на Антико ќе поделат 20.000 примероци едукативни, промотивни и информативни материјали на повеќе локации низ Скопје (Стара Скопска Чаршија, Плоштад Македонија, Веро Џамбо Центар, Сити Мол) и во дел од останатите градови во Македонија.

- Целта на оваа активност е елиминирање на родовото и семејното насилство, сензибилизирање на пошироката јавност, подигнување на свеста за деструктивноста на овој проблем и препознавањето на корените на насилството, велат организаторите.

Акацијата се спроведува во рамките на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата”, финансиран од Делегацијата на ЕУ. Во неговото спроведување покрај ЗГИ Антико е вклучена и партнерската организација Мултикултура.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top