Канада и САД постигнаа нов трговски договор

САД и Канада постигнаа нов трговски договор, кој ќе му се придружи на тој со Мексико и ќе го замени досегашниот Северноамерикански договор за слободна трговија, познат како НАФТА..

Новиот договор вклучува поголем пристап на американските млечни производи до канадскиот пазар, а Канада ќе се заштити од евентуални американски царини во автомобилската индустрија.

„Денеска Канада и САД постигнаа договор, заедно со Мексико, за нов, модернизиран трговски договор за 21 век, Договорот САД, Канада, Мексико. Договорот ќе им обезбеди на нашите работници, фармери, ранчери и бизниси, трговски договор со високи стандарди, кои ќе резултираат со поотворен пазар, праведна трговска размена и робустен економски раст во нашиот регион“, изјавија во заедничко соопштение американскиот претставник за трговија Роберт Лајтхајзер и канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриланд.

Претседателот Доналд Трамп од самото стапување на функцијата не ја криеше намерата да го поништи НАФТА и да постигне нов договор, кој според него ќе биде поповолен за САД.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top