Канадската влада отвори канцеларија за визи во Скопје

Отсега македонските граќани ќе можат да аплицираат за кандаски визи во Cкопје.

Канадската влада отвора нов Центар за аплицирање за визи (Visa application centre, VAC) во Скопје за да го олесни аплицирањето за виза за влегување во Канада.

Министерството за државјанство и имиграција на Канада ја проширува својата мрежа на центри за аплицирање за визи во целиот свет за да им обезбеди административна поддршка на апликантите пред разгледувањето, за време на разгледувањето и по разгледувањето на нивната апликација за привремен престој од службеникот за имиграција. 

Службениците во центрите за аплицирање за визи се достапни на телефон, по мејл и лично за да одговорат на прашања на локалните јазици и за да проверат дали апликациите се целосни. Со тоа се избегнуваат непотребни одложувања или одбивања поради нецелосни апликации.

За дополнителна цена, центрите за аплицирање за визи нудат и други услуги, вклучувајќи фотокопирање, фотографирање за апликација и компјутерски терминали за самоуслужување за оние кои сакаат да ги користат новите онлајн апликации. 

Центрите за аплицирање за визи не се вклучени во процесот на одлучување и немаат овластување да ги советуваат апликантите во врска со визите.

Сите оние кои сакаат да аплицираат за виза за посета, за дозвола за студирање, за работна дозвола или за патен документ на постојан жител, можат да го сторат тоа во новиот Центар за аплицирање за визи во Скопје.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top