Канбера предупреди на можен терористички напад за време на одбележувањето на Битката кај Галиполи

Одбележувањето на годишнината на Битката кај Галиполи од 1915 година е предвидено за 25 април..

Властите на Австралија денеска соопштија дека добиле информации оти терористи „можеби планираат“ напад за време на одбележувањето на годишнината од Битката кај Галиполи во Турција, кон крајот на овој месец.

- Австралиската Влада доби информација, која наведува на заклучокот дека терористи можеби ќе се обидат да извршат напад за време на одбележувањето на Битката на Полуостровот Галиполи, изјави австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп.

Таа нагласи дека и турските власти „имаат ваква инфромација“, додавајќи дека тие „традиционално гарантираат високо ниво на безбедност при одбележувањето на битката“,

Одбележувањето на годишнината на Битката кај Галиполи од 1915 година е предвидено за 25 април. Тоа е прва голема битка во текот на Првата светска војна во која учествувале војници од Австралија и Нов Зеланд.

При одбележувањето на годишнината, вообичаено местото на битката во Турција го посетуваат голем број Австралијаци и Новозеланѓани.

Австралиското Министерство за надворешни работи вчера им препорача на Австралијците кои патуваат во Турција да бидат многу внимателни и да ја „преразгледаат неопходноста за патување во Анкара и Истанбул“. 



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top