Кандидатурите до ДИК најдоцна до 21. март, кампањата стартува на 1. април

Кандидатите за претседател на државата треба да ги достават своите кандидатури до ДИК до 21. март, а кампањите за изборите ќе почнат на 1. април..

За официјализација на претседателската кандидатура треба да имаат 10.000 граѓански потписи, или 30 потписи од пратениците.

Од ДИК истакнаа дека во моментов само Гордана Силјановска – Давкова ги има собрано потребните потписи. И натаму е неизвесно дали кандидатот на СДСМ и на ДУИ Стево Пендаровски ќе достави потписи од граѓани или од пратеници.

Потписи за кандидатура собираат уште неколку претеденти, меѓу кои и Блерим Река кој ќе биде кандидат за претседател од Алијансата за Албанците.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top