Канте со тужба кон својот екс агент поради тоа што му средувал трансфер во Примера!

Францускиот фудбалер Нголо Канте, поднел тужба против својот поранешен агент кој се обидел да го „превесла“ со одредени договори и на негов грб да заработи одредени паушали при трансферот во Челси..

Фудбалерот на Челси поднесе тужба оваа недела против Нуари Хјари, потврди француското обвинителство.

Според пишувањата на францускиот Лекип, Канте го ангажирал Хјари во јуни 2016 година, а фудбалерот само една година подоцна одлучил да ја прекине соработката и се согласил да го обештети со 150 000 евра.

Канте тврди дека неговиот поранешен соработник ги сочувал сите копии од нивниот договор, по што му барал повеќе пари од договорената сума.

Исто така, Канте ја прекинал соработката со споменатиот агент поради тоа што тој се обидел да влијае на неговата кариера, односно наместо во Челси, агентот го туркал кон Реал Мадрид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top