Капитенот удри по Кристијано: Роналдо не е во право!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос остро го нападна Кристијано Роналдо за неговите изјави дека актуелниот состав на “кралскиот клуб” е послаб од минатата сезона..

Рамос воопшто не се согласува со тоа и има аргументи на своја страна иако и навивачите размислуваат спротивно на него.

“Воопшто не се согласувам со Кристијано дека составот сега е послаб, тоа ми личи на мислење на слабак. Никој не го кажуваше тоа кога доминантно ги освоивме Супер куповите пред почетокот на сезоната. Никој не ми недостасува. Можеби тимот е променет, но други играчи добија поинакви улоги”, изјави Рамос.

Капитенот на Реал јавно го повика и Нејмар да дојде на Бернабе. Ако тоа се случи, сигурно ќе биде еден од најатрактивните трансфери во историјата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top