Карачиќ по херојската победа со Хрватска: Ова ме потсети на Вардар и ЛШ!

Поранешниот вардаров ракометар Игор Карачиќ, кој од летоска е дел од полски Виве Кјелце беше херој и играч на мечот во херојската победа на Хрватска против Германија.

Карачиќ го постигна последниот гол со кој Хрватска го комплетираше неверојатниот кам-бек, откако цел меч „коцкестите“ бркаа негатива, која во еден момент беше и пет гола разлика во корист на Германија пред крајот на полувремето.

„Покажавме карактер. Овој меч ме потсети на Вардар и Лигата на шампионите. Мора во нешто да верувате за да дојдете до целта. Верувавме во полуфинале и сега се радуваме – горди сме. Навистина беше тежок меч, јас сум горд на овие момци, на цел тим, на стручниот штаб. Не беше лесно да се игра. На полувреме се договоривме да издржиме цели 30 минути и успеавме. Во првиот дел имавме преголема желба за докажување, а не смеевме така да одиме, но такви сме ние – сакаме порано сè да завршиме. Имавме и ветер во грб од навивачите, не нè напуштија и кога губевме четири-пет разлика. На најубав начин им вративме“, рече Карачиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top