Карагер: Ливерпул е силен, но има една слаба точка која сите повторно ја видовме!

Ливерпул денеска не успеа да победи во дербито на „Мерсисајд“ кај Евертон, во меч кој заврши без победник и без голови, 0:0..

Со овој освоен бод, на Ливерпул по ова коло му недостасуваат уште 4 бодови за и математички да ја зграби титулата во првенството конечно по 30 години.

Со оглед на тоа дека три месеци немаше фудбал, Клоп и нема да им замери многу на своите играчи што денеска не го продолжија победничкиот од како и пред корона кризата.

Но од друга страна, легендата на „црвените“, Џејми Карагер, во својата анализа открива каде според него е слабата точка на овој Ливерпул.

„Кога во тимот го нема Мо Салах, тоа е голем хендикеп за тимот, тоа го видовме и претходно оваа сезона. Неговото присуство на терен е многу важно за целата екипа. Да не се разбереме погрешно, напаѓачката тројка на тимот е одлична, но кога недостига еден од нив во првиот тим, тоа не е истата екипа и квалитетот е во опаѓање. Ова лето, Клоп можеби треба да размислува за да го засили тимот во нападот“, порача Џејми Карагер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top