Каракачанов - Бугарија ќе и помогнеме на Македонија да стане членка на НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со нејзиниот бугарски колега, министерот Красимир Каракачанов.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со нејзиниот бугарски колега, министерот Красимир Каракачанов кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Двајцата министри дадоа зелено светло за продлабочена соработка во областа на одбраната низ конкретни иницијативи и спроведување на планот на соработка договорен на експертско ниво.

-Денеска сме тука за да покажеме на дело дека билатералниот договор кој што го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија нема да остане само на зборови. И тој договор и она што се случуваше по потпишувањето на договорот покажува дека двете држави Македонија и Бугарија се свесни дека само преку добрососедство нашиот регион може да оди напред. Само преку развивање на добрососедски односи можеме да ја гарантираме нашата заедничка безбедност и можеме да го гарантираме напредокот на нашите две држави“, рече министерката Шекеринска и се заблагодари што Република Бугарија „сериозно застана во одбрана и во промовирање на нашата крупна стратешка цел, а тоа е членството во НАТО – изјави Шекеринска.

Министерот Каракачанов потенцираше дека Договорот што беше потпишан на 1 август се развива во иницијативи.

-Убедени сме дека дека стабилноста во регионот зависи од добрососедските односи. Меѓу Бугарија и Македонија никогаш немало злонамерна и заткулисна политика. Само со чесни односи може да има повеќе стабилност и ред на Балканот. Бугарија го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Нашата позиција е да и помогнеме на Македонија да стане членка на НАТО – рече Каракачанов.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top