Каратистите со македонско потекло освоија 8 медали за Австралија на првенството на Океанија

Близначките Маријана и Мишела Димоски, Тео Цветковски, Пеце Наумовски како и Мајкала Тасевска сите освоија медали за Австралија на првенството на Океанија..

Сестрите близначки Мишела и Маријана Димоски освоија четири медали за репрезентацијата на Австралија на Првенството на Океанија што се одржа во Оукленд, Нов Зеланд. Тие освоија бронзи во сениорка конкуренција во кати и злато за Маријана и сребро за Мишела во сестринското финале во У-21, исто така во кати.

Пеце Наумовски во борби до 67кг загуби во финалето и го освои второто место и сребрениот медал.

Тео Цветковски во борби до 57 кг во кадетска конкуренција го освои борнзениот медал на Првенството на Океанија во Оукленд, Нов Зеланд, за репрезентацијата на Австралија.

Макајла Тасевска освои две бронзи во У-14 во кати и во борби во У-14 до 47 кг.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top