Карл Билд ги почнува средбите - нема предвидено средба со Ѓорѓе Иванов

Од Кабинетот на претседателот на Македонија информираа дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов.

Карл Билд, копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи, од вчера е во Скопје. 

За денеска се предвидени разговори со претставници на политичките партии во врска со кризата во Македонија. 

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса потврдија дека нивни претставници денеска ќе имаат средби со Билд. 

Од Кабинетот на претседателот на Македонија информираа дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов, но оти денешната негова агенда била поинаква.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top