Картугалос: Преименување на Аја Софија е навреда за христијаните

Византиската црква Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј..

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос по повод изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста Аја Софија, која е музеј да се пренамени во џамија, ја оцени како навреда не само за христијаните туку и на меѓународната заедница.

– Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право. Сакаме да се надеваме дека исправните изјави на турското раководство од 16 март ќе се применат и нема да има промена на нејзиниот статус, посочи Картугалос.
Тој додаде дека Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top