Касами: Без да ни се исполнат барањата нема глас за уставните измени

Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова вечерва го изјави лидерот на Беса, Билал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21..

Условите на Беса се да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Денес попладне почна третата фаза од уставните измени. На седницата премиерот Зоран Заев го изложи своето резиме за уставните измени, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 13 часот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top