Касами и Села ја условуваат поддршката на уставните амандмани со бришење на „македонско“ во документите за државјанство

Албанската опозиција претставена преку БЕСА на Биљал Касами и Алијансата за Албанците на Зијадин Села ја условуваат поддршката на уставните измени со неколку барања, пред се бришење на зборот „македонско“ од државјанството.

Ваквиот услов на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев ја испорачал и Касами, кој воедно бара и наведување на Албанците како дел од дијаспората, како и неколку други барања поврзани со албанскиот јазик да стане уставна категорија, на што истовремено инсистира и Села.

Инаку, овие две партии контролираат четворица пратеници, без кои не може да се обезбеди потребното мнозинство од 80 пратеници во последната фаза на усвојувањето на уставните амандмани согласно Преспанскиот договор, доколку, се разбира, власта не успее да обезбеди дополнителни четворица пратеници од опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top