Касами или Села треба да одлучат кој ќе ја преставува Албанската опозиција на лидерската средба што ја побата Мицкоски

Движењето Беса, од тетовското крило предводена од Билал Касами или Алијансата за Албанците чиј лидер е Зијадин Села треба да одлучат која ќе биде опозициска партија на Албанците што ќе оди на лидерската средба во скусен формат.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја напушти вчерашната лидерска средба во проширен состав, бидеќи на неа не присуствувале сите партии што имаат пратеници во Собранието.

Тој од Заев побара да закаже вистинска лидерска средба на која ќе присуствуваат претставници од четири политички партии.

„ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот Зоран Заев да организира вистинска лидерска средба на четири партии. Најголемата кај Македонците од власта, најголемата кај Албанците од власта, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија кај Албанците“, рече Мицкоски, по напуштањето на средбата во Клубот на пратеници.

Премиерот Заев го прифати барањето на Мицкоски и закажа лидерска средба, но не прецизираше каков ќе биде форматот и кои партии ќе присуствуваат.

Според барањето на Мицкоски, на средбата треба да учествуваат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците , ДУИ кај Албанците, но проблем се јавува кој ќе биде опозициската партија кај Албанците.

И Алијансата за Албанците на Зијадин Села и  и тетовското крило на Движењето Беса , кои се албански опозициски партии, имаат по двајца пратеници. Двете партии треба да одлучат која од  нив ќе оди на лидерската средба.

За новиот состав на Државната изборна комисија,  каде е предвидено едно место  за опозициона партија кај Албанците, двете албански опозициски партии се договорија да предложат заеднички кандидат за ДИК.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top