„Каталонците“ ја подготвуваат следната бомба: Еден Азар има и резервиран број во Барса

Белгискиот репрезентативец Еден Азар деновиве би можел да стане играч на Барселона, тврдат медиумите во Каталонија..

Наводно, тој ги договорил личните услови со шпанскиот првак и неговиот трансфер е 80% сигурен. Како доказ за тоа се наведува фактот што дресот со број 7 е слободен и ќе му припадне нему. Азар треба да потпише договор на пет сезони.

Единствената пречка во моментов е Челси кој за својот фудбалер бара 120 милиони евра, а понудата на Барселона е 100 милиони. Сепак, се очекува и тоа да биде средено мошне брзо.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top