Каталонците објавуваат: Трансферот на Кутињо е веќе завршена работа!

Филипе Кутињо секој ден се повеќе ги исполнува спортските медиуми, а причина за тоа е интересот на Барселона за него по заминувањето на Нејмар во редовите на ПСЖ..

Кутињо би можел да стане најскапиот играч во историјата на Ливерпул кога станува збор за продажба, само неколку години по заминувањето на Суарез во истата екипа.

Имено, неколку медиуми во Шпанија, односно Каталонија, вечерва објавија дека Бразилецот ги договорил сите услови со Барселона и дека наскоро ќе следува официјално известување од страна на клубот.

„Радио Барса“ вечерва тоа го објави, исто како и „Агенциа“, медиуми кои не се толку популарни, па сето ова треба да се земе со доза на резерва.

Тие напоменуваат дека вредноста на трансферот ќе биде 95 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Најдалеку отиде „Радио Каталонија“, кој објави дека се е договорено и дека трансферот на Кутињо во следните неколку часа ќе биде официјализиран.

Тоа не е се, дури и обложувалниците на Островот ги намалија коефициентите дека Кутињо ќе прејде во Барселона, а во одредени обложувалници истото е тргнато од понудата, па тоа е причина повеќе да се смета дека трансферот навистина е пред реализација.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top