Каталонија и Италија грмат: МЕГА ГРАБЕЖ, господари на судењето!

Долго време ќе мора да помине за натпреварот Реал Мадрид – Јувентус да биде заборавен поради она што го гледаа гледачите на стадионот во Мадрид и на малите екрани..

Во секој случај, Мајкл Оливер направи фудбалска драма откако реши смело да свирне пенал во 93. минута, по кој Реал успеа да постигне гол и директно да се пласира во полуфиналето.

Натпреварот беше тензичен и прилично бурен во финишот, а Јувентус го делеа секунди од продолжение, за во 93. минута се да им се сруши во секунда.

Денеска светските весници излегуваат со своите констатации за досудениот пенал за Реал Мадрид и секако се поделени.

Медиумите во Мадрид јасно прецизираат дека пеналот е во ред и дека Реал заслужено е во полуфинале, што не е случај со каталонските медиуми.

АС на својата главна страна денеска напиша: „Од паника до полуфинале“, свесно несакајки да влегува во конфликт со читателите на Реал Мадрид, додека Мундо Депортиво и СПОРТ беа нешто поагресивни.

Мундо Депортиво пишува „Господари на судењето“, додека СПОРТ пишува „кражба на векот!“.

Со иста конотација денеска грмат и италијанските медиуми, кои пишуваат „Срамота!“, каков грабеж и слични натписи, со кои сигурно нема да се помират извесен период, пред се поради последниот натпревар на Буфон кој заврши скандалозно со исклучување.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top